Duos Digital Logo

Содржински маркетинг што дава резултати

Професионална содржина што ве истакнува пред конкуренцијата и ве поврзува со вистинските клиенти
 
Содржина што гради доверба

Бидете присутни кога клиентите пребаруваат

Кога некој има прашање или проблем првото нешто што го прави е пребарување на Google. Токму тогаш треба да бидете таму, со квалитетна и корисна содржина што одговара на неговите потреби.

Содржинскиот маркетинг не е само пишување текст. Тоа е начин на комуникација кој гради доверба, ја објаснува вашата услуга и ве прикажува како сериозен бизнис што знае што прави. Без разлика дали се работи за блог, водич, често поставувани прашања или опис на услуга, сè е дел од сликата што ја градите пред клиентите.

Со вистинската содржина, клиентот ќе ви верува уште пред да ве контактира.

Стратегија што носи резултати

Секогаш свежа и релевантна содржина

На интернет успехот не доаѓа случајно. Добрата содржина се планира, се креира со цел и секогаш е насочена кон вистинската публика.

Ние истражуваме што луѓето навистина бараат, кои клучни зборови се важни за вашиот бизнис и како најдобро да ја пренесеме пораката. Потоа креираме календар на содржини, блог објави, описи, водичи, сè што ќе донесе посетители и ќе ве постави пред конкуренцијата.

Станува збор за многу повеќе од само текст, ова е стратегија што расте заедно со вашиот бизнис.
Баланс помеѓу креативност и SEO

Напишано за луѓе, оптимизирано за Google

Не е доволно само да пишувате убаво  содржината треба и да се најде. Но исто така не е доволно ни само да мислите на Google, а да заборавите на луѓето.

Нашиот пристап го балансира најдоброто од двата света. Пишуваме текстови што се читливи, интересни и локално релевантни, а во исто време внимателно ги вклучуваме SEO принципите за да ве рангираме подобро.

Тоа значи природна употреба на клучни зборови, оптимизација на наслови, мета-описи и структура но без да звучи вештачки. Вашиот глас останува автентичен, а Google ќе знае точно за што станува збор.
Што нудиме

Паметна содржина за паметни бизниси

Стратегија за кампања
Ве водиме низ планирање и старт на ефективна мултиканална кампања
Анализа на публика
Ви помагаме да ги дефинирате и сегментирате вашите целни клиенти
Планирање на содржина
Развиваме планови, распоред и цели за редовно и ефикасно објавување
Креирање содржина
Создаваме содржини што привлекуваат внимание и носат нови клиенти
Маркетинг на содржина
Го шириме вашиот глас преку релевантни канали и дигитални медиуми
Анализа и подобрување
Следиме што функционира и го прилагодуваме пристапот за подобар резултат
Дознајте што сè можеме да направиме за вашиот бизнис.
Контактирајте не за повеќе информации.
Како Работиме

Јасен процес за реални резултати

Со секој клиент работиме блиску, со посветеност и внимание на деталите. Најпрво темелно го анализираме вашиот бренд, вашата публика и состојбата на пазарот. Без добро разбирање нема добра стратегија.

Во време кога платформите постојано се менуваат, вниманието е краткотрајно, а конкуренцијата силна, маркетингот мора да биде прецизен, флексибилен и заснован на реални податоци. Ние не нудиме готови решенија, туку пристап што е прилагоден на вас, на вашите цели, буџет и бренд вредности.

Го третираме вашиот бизнис како наш. Тоа значи дека не сме тука само за да „објавиме нешто“, туку за да изградиме содржина и стратегија што ќе ве позиционира пред конкуренцијата, ќе ве поврзе со вистинската публика и ќе донесе конкретни резултати.

Наша цел е секој чекор од идеја до анализа да биде усогласен со вашата визија и да создаде долгорочна вредност.
Истражување и анализа
Го оценуваме вашето тековно позиционирање и собираме податоци за подобро насочена стратегија.
Разработка на стратегија
Креираме план што се базира на вашата реална состојба и ги користиме само релевантните алатки.
Имплементација
Го спроведуваме планот со прецизна координација и експертиза во сите клучни области.
Анализа и извештаи
Следиме сè што се случува и ви даваме транспарентен увид преку аналитика и 3rd-party алатки.
Прилагодување и раст
Со текот на времето, стратегијата се прилагодува на вашите нови потреби и растечка амбиција.
Препораки

Што велат клиентите за нас

Благодарение на Duos Digital, конечно имаме веб-страница што изгледа професионално и го доловува вистинскиот дух на нашата пицерија. Тимот не само што ни направи убав дизајн, туку ни помогна и со реклами на Facebook кои ни донесоа повеќе гости. Сега луѓето не’ наоѓаат полесно и постојано ни велат дека ни е „средена“ и веб-страницата и Facebook профилот. Навистина се разбираат во својата работа.

Илија А.
Сопственик,
IL FORNO

Соработката со Duos Digital навистина ни помогна да го подигнеме нашиот бизнис на ново ниво. Ни направија веб-страница што е лесна за користење и изгледа одлично, а клиентите често ни велат колку полесно се снаоѓаат кога купуваат кај нас. Дизајнот на брендот сега ни е далеку поусогласен, а со нивната SEO оптимизација ни порасна посетеноста на сајтот. Секогаш се достапни и лесно се работи со нив. Ги препорачуваме на секој што сака професионален пристап.

Антонио Б.
Сопственик,
Pigeon Rings

Duos Digital ни помогна целосно да го освежиме изгледот на нашиот бренд и веб-страница за продажба на битови. Дизајнот изгледа модерно и професионално, а веб-страницата е лесна за користење и добро прилагодена за мобилни. Откако ја пуштивме новата верзија, гледаме зголемен интерес и повеќе купувачи. Точно знаат што прават и комуникацијата со нив беше одлична од почеток до крај.

Филип П.
Сопственик,
The Thrillz

Конечно најдовме партнери кои разбираат како да не позиционираат онлајн. Ни помогнаа со реклами, оптимизација и стратегија што ни донесе повеќе упити и клиенти. Во нашата индустрија тоа не е лесно, ама тие навистина се разбирливи, брзи и професионални. Ги препорачуваме на секој што сака да го дигне својот бизнис на следно ниво.

Бојан
Сопственик,
Allure Logistics

Duos Digital ни изработија модерна и функционална онлајн продавница каде клиентите лесно си наоѓаат сè што им треба. Благодарение на нивните Facebook реклами, добивме многу нови купувачи и продажбата значително порасна. Соработката со нив е како да имаш пријател во дигиталниот свет – секогаш тука, искрени и посветени. Презадоволни сме!

Мирко
Сопственик,
EKOS

Пресреќни сме од резултатите што ги постигнавме со оваа дигитална агенција! Тимот ни го подобри онлајн присуството, добиваме повеќе интерес и продажбата се зголеми. Нивниот пристап е персонализиран, креативен и многу ефективен. Од одлични кампањи до детални извештаи – вистински партнери во нашиот развој. Топло ги препорачуваме на секој што сака вистински резултати во дигиталниот свет.

Даниел
Сопственик,
Aviva Solutions

Duos Digital одигра клучна улога во подобрување на нашето онлајн присуство. Ни ја редизајнираа веб-страницата така што изгледа професионално и привлекува доверба кај клиентите. Благодарение на нивниот пристап и стратегиите со Facebook и Google реклами, добиваме многу повеќе интерес и сериозни контакти. Соработката со нив навистина го дигна нашиот бизнис на повисоко ниво.

Филип
Сопственик,
Miloshevski

Со помош на Duos Digital целосно го подобривме нашето онлајн присуство. Ни креираа нова веб-страница што изгледа модерно и професионално, и на клиентите им е многу полесно да ја прегледуваат понудата. Facebook кампањите ни донесоа многу нови контакти, а благодарение на SEO оптимизацијата сме повисоко рангирани на Google и добиваме повеќе посетители. Одлична соработка – резултатите се видливи!

Новица
Сопственик,
Avto Cajka
Често Поставувани Прашања

Имате прашања? Ние имаме одговори!

menu