Duos Digital Logo

Оптимизација за пребарувачи што носи резултати

Зголемете ја видливоста на вашиот бизнис и привлечете вистински клиенти
 
Што е SEO?

Зголемете ја видливоста на Google

SEO (Search Engine Optimization) претставува процес на подобрување на вашата веб-страница за да се појавува повисоко на резултатите од Google и другите пребарувачи.

Наместо да плаќате за реклами, со добар SEO добивате бесплатни посети од луѓе кои бараат производи или услуги што вие ги нудите.

Клучниот дел од SEO е разбирањето на тоа како вашите потенцијални клиенти пребаруваат. Ние внимателно ги избираме клучните зборови и ја прилагодуваме вашата веб-страница за да се појавува пред конкуренцијата
Како можеме да ви помогнеме?

Заедно до подобра позиција на Google

Има делови од SEO што можете да ги направите и сами, како ажурирање на содржина или пишување на текстови. Но, за да стигнете до врвот на Google, најчесто е потребна помош од искусен тим.

Ние ќе ви помогнеме да го надминете вашиот најблизок конкурент не само со зборови, туку со оптимизација заснована на податоци.

Ќе се погрижиме Google да ја гледа вашата веб-страница како веродостојна, брза и вредна за посетителите.
Зошто SEO е важен?

Долгорочна инвестиција за вашиот бизнис

Со SEO, не плаќате за секој клик туку градите присуство што останува. Колку повеќе луѓе ве пронаоѓаат преку органско пребарување, толку повеќе клиенти ќе имате, без дополнителни трошоци за огласи и реклами.

Нашиот тим ќе ви помогне да изградите силна онлајн основа, која ќе носи резултати и во следните месеци и години. SEO не е моментално решение, туку стратегија што расте заедно со вашиот бизнис.
Како работиме

Нашиот процес за ефективна SEO оптимизација

Нашиот тим нуди целосна оптимизација што ги покрива сите важни делови од вашата веб-страница. Ова се главните активности кои ги вклучува нашата SEO услуга:
1
Истражување на клучни зборови
2
Анализа на конкуренција
3
Оптимизација на структурата
4
Содржинска стратегија
5
Техничка SEO проверка
6
Изградба на линкови
7
Следење и прилагодување

Што нудиме

Професионални SEO решенија за раст на вашиот бизнис
On-Page SEO
Ги прилагодуваме вашите наслови, описите, брзината и структурата на страницата за подобро рангирање
Креирање на содржина
Пишуваме или подобруваме содржина што е интересна за корисниците и оптимизирана за пребарувачи
Градење линкови
Помагаме да добиете линкови од доверливи веб-страници, што го зголемува вашиот авторитет
Истражување на конкуренција
Ги следиме вашите конкуренти и ви помагаме да направите подобри резултати од нив
Оптимизација за конверзии
Не само што носиме посетители, туку се грижиме тие да станат реални клиенти преку оптимизирани содржини и структура
Месечни извештаи и анализа
Добивате месечен извештај за да знаете што е направено, што следува и какви резултати да очекувате
Препораки

Што велат клиентите за нас

Благодарение на Duos Digital, конечно имаме веб-страница што изгледа професионално и го доловува вистинскиот дух на нашата пицерија. Тимот не само што ни направи убав дизајн, туку ни помогна и со реклами на Facebook кои ни донесоа повеќе гости. Сега луѓето не’ наоѓаат полесно и постојано ни велат дека ни е „средена“ и веб-страницата и Facebook профилот. Навистина се разбираат во својата работа.

Илија А.
Сопственик,
IL FORNO

Соработката со Duos Digital навистина ни помогна да го подигнеме нашиот бизнис на ново ниво. Ни направија веб-страница што е лесна за користење и изгледа одлично, а клиентите често ни велат колку полесно се снаоѓаат кога купуваат кај нас. Дизајнот на брендот сега ни е далеку поусогласен, а со нивната SEO оптимизација ни порасна посетеноста на сајтот. Секогаш се достапни и лесно се работи со нив. Ги препорачуваме на секој што сака професионален пристап.

Антонио Б.
Сопственик,
Pigeon Rings

Duos Digital ни помогна целосно да го освежиме изгледот на нашиот бренд и веб-страница за продажба на битови. Дизајнот изгледа модерно и професионално, а веб-страницата е лесна за користење и добро прилагодена за мобилни. Откако ја пуштивме новата верзија, гледаме зголемен интерес и повеќе купувачи. Точно знаат што прават и комуникацијата со нив беше одлична од почеток до крај.

Филип П.
Сопственик,
The Thrillz

Конечно најдовме партнери кои разбираат како да не позиционираат онлајн. Ни помогнаа со реклами, оптимизација и стратегија што ни донесе повеќе упити и клиенти. Во нашата индустрија тоа не е лесно, ама тие навистина се разбирливи, брзи и професионални. Ги препорачуваме на секој што сака да го дигне својот бизнис на следно ниво.

Бојан
Сопственик,
Allure Logistics

Duos Digital ни изработија модерна и функционална онлајн продавница каде клиентите лесно си наоѓаат сè што им треба. Благодарение на нивните Facebook реклами, добивме многу нови купувачи и продажбата значително порасна. Соработката со нив е како да имаш пријател во дигиталниот свет – секогаш тука, искрени и посветени. Презадоволни сме!

Мирко
Сопственик,
EKOS

Пресреќни сме од резултатите што ги постигнавме со оваа дигитална агенција! Тимот ни го подобри онлајн присуството, добиваме повеќе интерес и продажбата се зголеми. Нивниот пристап е персонализиран, креативен и многу ефективен. Од одлични кампањи до детални извештаи – вистински партнери во нашиот развој. Топло ги препорачуваме на секој што сака вистински резултати во дигиталниот свет.

Даниел
Сопственик,
Aviva Solutions

Duos Digital одигра клучна улога во подобрување на нашето онлајн присуство. Ни ја редизајнираа веб-страницата така што изгледа професионално и привлекува доверба кај клиентите. Благодарение на нивниот пристап и стратегиите со Facebook и Google реклами, добиваме многу повеќе интерес и сериозни контакти. Соработката со нив навистина го дигна нашиот бизнис на повисоко ниво.

Филип
Сопственик,
Miloshevski

Со помош на Duos Digital целосно го подобривме нашето онлајн присуство. Ни креираа нова веб-страница што изгледа модерно и професионално, и на клиентите им е многу полесно да ја прегледуваат понудата. Facebook кампањите ни донесоа многу нови контакти, а благодарение на SEO оптимизацијата сме повисоко рангирани на Google и добиваме повеќе посетители. Одлична соработка – резултатите се видливи!

Новица
Сопственик,
Avto Cajka
Често Поставувани Прашања

Имате прашања? Ние имаме одговори!

  • Која е разликата помеѓу SEO на страница и SEO надвор од страница?

    SEO на страница вклучува оптимизирање на елементи на вашата веб-страница, како што се содржина, мета ознаки и структура. SEO надвор од страницата се фокусира на надворешни фактори како што се повратни линкови, социјални сигнали и онлајн репутација. И двете се клучни за целокупниот успех на SEO.

  • Колку време е потребно за да се видат резултати од SEO напорите?

    Резултатите варираат во зависност од фактори како што се конкуренцијата, индустријата и моменталната состојба на вашата веб-страница. Иако некои подобрувања може да се видат во рок од неколку недели, за значајни резултати честопати се потребни неколку месеци додека пребарувачите индексираат и препознаваат промени.

  • Можете ли да гарантирате дека мојата веб-страница ќе се рангира на прво место на Google?

    Ниту една реномирана SEO агенција не може да гарантира рангирање број 1, бидејќи алгоритмите на пребарувачите се динамични и под влијание на бројни фактори. Ние се фокусираме на имплементација на најдобри практики за подобрување на вашите рангирања и видливост со текот на времето.

  • Како пребарувачите го одредуваат рангирањето на веб-страниците?

    Пребарувачите користат сложени алгоритми кои земаат предвид фактори како што се релевантност, авторитет, корисничко искуство и друго. SEO вклучува оптимизирање на вашата веб-страница за да се усогласи со овие фактори, подобрувајќи ги вашите шанси за повисоко рангирање во резултатите од пребарувањето.

  • Што е SEO и зошто е важно за мојата веб-страница?

    SEO е процес на оптимизирање на веб-страница за подобрување на нејзината видливост на пребарувачите. Тоа е од суштинско значење за привлекување органски (неплатен) сообраќај, зголемување на онлајн видливоста и подобрување на целокупното корисничко искуство на вашата страница.

menu