Duos Digital Logo

Дигитална Маркетинг Агенција

Паметни стратегии и креативни решенија што носат реални резултати и нови клиенти
 
Video Thumbnail

Дуос Дигитал - Дигитална Маркетинг Агенција

Дуос Дигитал е дигитална маркетинг агенција со над 10 години искуство на меѓународниот пазар. Помагаме на мали и средни компании да го зголемат своето онлајн присуство и да привлечат повеќе клиенти.

Нудиме практични и ефективни решенија: веб-страници, е-продавници, реклами на Facebook и Google, SEO, емаил маркетинг, содржински маркетинг, графички дизајн, автоматизации и аналитика.

Со секој клиент градиме директна и отворена комуникација. Работиме ефикасно, без компликации, и секогаш со јасна цел, вашиот бизнис да напредува.
Запознајте нè подобро

Како можеме да помогнеме

Најбараните маркетинг и веб услуги што ги нудиме на мали и средни бизниси
Веб страница
Професионално дизајнирана веб-страница што создава доверба и ги претставува вашите услуги
Boost your store sales
Онлајн Продавница
Веб продавница која ја зголемува продажбата и го олеснува купувачкото искуство.
Run an Ad Campaign
Рекламни кампањи
Целосна подготовка и управување со реклами на Facebook, Instagram и Google
Improve your SEO
SEO оптимизација
Зголемете ја органската посета со подобрување на вашата позиција на Google и пребарувачите
Build a lead funnel
Продажни страници
Автоматизирани страници што работат 24/7 и помагаат да ја зголемите продажбата
Branding and Design
Брендинг и дизајн
Конзистентен визуелен идентитет што го јакне вашиот бренд и остава силен впечаток
Email Sequences
Емаил автоматизации
Ефикасни емаил кампањи што ги задржуваат клиентите и носат резултати
Grow your brand
Јакнење на брендот
Управување со содржина и репутација за поголем онлајн досег, видливост и доверба

Зошто Дуос Дигитал

Брз и едноставен процес, без компликации и долги состаноци
Сè на едно место
Од веб-страници до реклами и поддршка целосна услуга за вашиот бизнис
Пристапно за мали бизниси
Професионален маркетинг, достапен и за фирми со ограничен буџет
Брз и директен процес
Нема долги состаноци, почнуваме веднаш со јасен план
Поддршка кога ви треба
Ги следиме вашите потреби и реагираме брзо кога нешто треба да се смени
Јасна комуникација
Јасна и пријателска комуникација без загатки и губење време
Цени што ги знаете однапред
Без скриени трошоци и непредвидени наплати, секогаш знаете што добивате

Како функционира соработката

Фиксни цени, брза испорака и поддршка кога ви треба 
Изберете услуга
Изберете услуга или испратете конкретно барање според вашите цели
Се изработува и доставува
Добивате готов материјал подготвен за објава или користење
Поддршка
Флексибилна поддршка и комуникација по завршената задача.
Препораки

Што велат клиентите за нас

Благодарение на Duos Digital, конечно имаме веб-страница што изгледа професионално и го доловува вистинскиот дух на нашата пицерија. Тимот не само што ни направи убав дизајн, туку ни помогна и со реклами на Facebook кои ни донесоа повеќе гости. Сега луѓето не’ наоѓаат полесно и постојано ни велат дека ни е „средена“ и веб-страницата и Facebook профилот. Навистина се разбираат во својата работа.

Илија А. / 
Сопственик,
IL FORNO

Соработката со Duos Digital навистина ни помогна да го подигнеме нашиот бизнис на ново ниво. Ни направија веб-страница што е лесна за користење и изгледа одлично, а клиентите често ни велат колку полесно се снаоѓаат кога купуваат кај нас. Дизајнот на брендот сега ни е далеку поусогласен, а со нивната SEO оптимизација ни порасна посетеноста на сајтот. Секогаш се достапни и лесно се работи со нив. Ги препорачуваме на секој што сака професионален пристап.

Антонио Б. / 
Сопственик,
Pigeon Rings

Duos Digital ни помогна целосно да го освежиме изгледот на нашиот бренд и веб-страница за продажба на битови. Дизајнот изгледа модерно и професионално, а веб-страницата е лесна за користење и добро прилагодена за мобилни. Откако ја пуштивме новата верзија, гледаме зголемен интерес и повеќе купувачи. Точно знаат што прават и комуникацијата со нив беше одлична од почеток до крај.

Филип П. / 
Сопственик,
The Thrillz

Конечно најдовме партнери кои разбираат како да не позиционираат онлајн. Ни помогнаа со реклами, оптимизација и стратегија што ни донесе повеќе упити и клиенти. Во нашата индустрија тоа не е лесно, ама тие навистина се разбирливи, брзи и професионални. Ги препорачуваме на секој што сака да го дигне својот бизнис на следно ниво.

Бојан / 
Сопственик,
Allure Logistics

Duos Digital ни изработија модерна и функционална онлајн продавница каде клиентите лесно си наоѓаат сè што им треба. Благодарение на нивните Facebook реклами, добивме многу нови купувачи и продажбата значително порасна. Соработката со нив е како да имаш пријател во дигиталниот свет – секогаш тука, искрени и посветени. Презадоволни сме!

Мирко / 
Сопственик,
EKOS

Пресреќни сме од резултатите што ги постигнавме со оваа дигитална агенција! Тимот ни го подобри онлајн присуството, добиваме повеќе интерес и продажбата се зголеми. Нивниот пристап е персонализиран, креативен и многу ефективен. Од одлични кампањи до детални извештаи – вистински партнери во нашиот развој. Топло ги препорачуваме на секој што сака вистински резултати во дигиталниот свет.

Даниел / 
Сопственик,
Aviva Solutions

Duos Digital одигра клучна улога во подобрување на нашето онлајн присуство. Ни ја редизајнираа веб-страницата така што изгледа професионално и привлекува доверба кај клиентите. Благодарение на нивниот пристап и стратегиите со Facebook и Google реклами, добиваме многу повеќе интерес и сериозни контакти. Соработката со нив навистина го дигна нашиот бизнис на повисоко ниво.

Филип / 
Сопственик,
Miloshevski

Со помош на Duos Digital целосно го подобривме нашето онлајн присуство. Ни креираа нова веб-страница што изгледа модерно и професионално, и на клиентите им е многу полесно да ја прегледуваат понудата. Facebook кампањите ни донесоа многу нови контакти, а благодарение на SEO оптимизацијата сме повисоко рангирани на Google и добиваме повеќе посетители. Одлична соработка – резултатите се видливи!

Новица / 
Сопственик,
Avto Cajka
heartgraduation-hattagsmileclockthumbs-upmenu