Duos Digital Logo

Фејсбук и Инстаграм реклами што носат резултат

Помагаме вашиот бизнис да расте, да остане присутен и да се поврзе со вистинската публика
 
Раст на социјалните мрежи

Повеќе клиенти, поголема видливост

Вашиот бизнис има голем потенцијал на Facebook и Instagram. Ние креираме реклами кои стигнуваат до вистинските луѓе во вистинско време. 

Со паметни и прилагодени стратегии ја зголемуваме активноста и интересот околу вашиот бренд, на тој начин помагаме да привлечете повеќе клиенти, да ја зголемите продажбата и да изградите силна врска со вашата публика. 

Работиме на тоа вашиот бренд да биде видлив и препознатлив, а со тоа да добиете доверба и лојалност од вашите потрошувачи.

Управување со реклами

Таргетирани кампањи што даваат резултати

Создаваме и управуваме реклами кои ја пренесуваат вашата порака директно до вистинската публика.

Со прецизно таргетирање, креативни решенија и континуирана оптимизација ги подобруваме резултатите од кампањите и го зголемуваме бројот на нови клиенти.

Нашиот пристап е фокусиран на зголемување на видливоста на вашиот бренд и остварување конкретни деловни цели, зголемување на продажбата и градење долгорочни врски со вашите потрошувачи преку Facebook и Instagram.
Стратегија

Нашиот пристап кон социјалните мрежи

Креирање
Нашиот тим од креативци внимателно изработува оригинални текстови и привлечни дизајни кои лесно го привлекуваат вниманието на потенцијалните клиенти. Помагаме јасно и едноставно да ја пренесете пораката за вашиот бизнис, истакнувајќи ги вашите најсилни страни и предности. Со јасна и ефективна комуникација, вашата реклама ќе биде запаметена и ќе направи да се издвоите од конкуренцијата.
Таргетирање
Ги анализираме и разбираме вашите потенцијални клиенти и ги насочуваме рекламите точно кон нив. Нашата цел е да ги прикажеме рекламите пред луѓе кои навистина се заинтересирани за вашите производи или услуги, со што ја зголемуваме веројатноста за купување или контакт. Со прецизно таргетирање го зголемуваме квалитетот на посетителите, а со тоа и ефективноста на кампањата.
Оптимизација
Кампањите не ги оставаме сами на себе, туку постојано ги следиме и анализираме нивните резултати. Со текот на времето правиме мали промени и тестови со различни пораки, слики и аудитории за да постигнеме што подобри резултати. Со оваа постојана работа ја зголемуваме ефикасноста на секој вложен денар, со цел да добиете повеќе посети, повеќе кликови и секако повеќе продажби и контакти.


Што е вклучено

Преглед на услугите што ги нудиме во управувањето со реклами на Facebook и Instagram

  • Промовирани објави кои ги водат новите и постојните корисници директно кон вашиот веб-сајт или одредена страница
  • Кампањи насочени кон зголемување на лајкови на вашата Facebook или Instagram страница
  • Промоција на акции, попусти и специјални понуди за да привлечеме повеќе внимание и купувачи
  • Усогласување на банер и профилна слика со промовираните објави за јасна и препознатлива визуелна комуникација
  • Истовремени кампањи таргетирани кон различни групи на корисници според нивните интереси и демографија
  • Објавување на кампањи на повеќе платформи за поголема покриеност и ефект
  • Дизајн и изработка на квалитетни визуелни материјали (слики, видеа и текстови) кои ги креира нашиот тим
  • Поставување и оптимизација на посебни лендинг страници за кампањите, со поддршка од наши веб девелопери
и многу повеќе...
Препораки

Што велат клиентите за нас

Благодарение на Duos Digital, конечно имаме веб-страница што изгледа професионално и го доловува вистинскиот дух на нашата пицерија. Тимот не само што ни направи убав дизајн, туку ни помогна и со реклами на Facebook кои ни донесоа повеќе гости. Сега луѓето не’ наоѓаат полесно и постојано ни велат дека ни е „средена“ и веб-страницата и Facebook профилот. Навистина се разбираат во својата работа.

Илија А.
Сопственик,
IL FORNO

Соработката со Duos Digital навистина ни помогна да го подигнеме нашиот бизнис на ново ниво. Ни направија веб-страница што е лесна за користење и изгледа одлично, а клиентите често ни велат колку полесно се снаоѓаат кога купуваат кај нас. Дизајнот на брендот сега ни е далеку поусогласен, а со нивната SEO оптимизација ни порасна посетеноста на сајтот. Секогаш се достапни и лесно се работи со нив. Ги препорачуваме на секој што сака професионален пристап.

Антонио Б.
Сопственик,
Pigeon Rings

Duos Digital ни помогна целосно да го освежиме изгледот на нашиот бренд и веб-страница за продажба на битови. Дизајнот изгледа модерно и професионално, а веб-страницата е лесна за користење и добро прилагодена за мобилни. Откако ја пуштивме новата верзија, гледаме зголемен интерес и повеќе купувачи. Точно знаат што прават и комуникацијата со нив беше одлична од почеток до крај.

Филип П.
Сопственик,
The Thrillz

Конечно најдовме партнери кои разбираат како да не позиционираат онлајн. Ни помогнаа со реклами, оптимизација и стратегија што ни донесе повеќе упити и клиенти. Во нашата индустрија тоа не е лесно, ама тие навистина се разбирливи, брзи и професионални. Ги препорачуваме на секој што сака да го дигне својот бизнис на следно ниво.

Бојан
Сопственик,
Allure Logistics

Duos Digital ни изработија модерна и функционална онлајн продавница каде клиентите лесно си наоѓаат сè што им треба. Благодарение на нивните Facebook реклами, добивме многу нови купувачи и продажбата значително порасна. Соработката со нив е како да имаш пријател во дигиталниот свет – секогаш тука, искрени и посветени. Презадоволни сме!

Мирко
Сопственик,
EKOS

Пресреќни сме од резултатите што ги постигнавме со оваа дигитална агенција! Тимот ни го подобри онлајн присуството, добиваме повеќе интерес и продажбата се зголеми. Нивниот пристап е персонализиран, креативен и многу ефективен. Од одлични кампањи до детални извештаи – вистински партнери во нашиот развој. Топло ги препорачуваме на секој што сака вистински резултати во дигиталниот свет.

Даниел
Сопственик,
Aviva Solutions

Duos Digital одигра клучна улога во подобрување на нашето онлајн присуство. Ни ја редизајнираа веб-страницата така што изгледа професионално и привлекува доверба кај клиентите. Благодарение на нивниот пристап и стратегиите со Facebook и Google реклами, добиваме многу повеќе интерес и сериозни контакти. Соработката со нив навистина го дигна нашиот бизнис на повисоко ниво.

Филип
Сопственик,
Miloshevski

Со помош на Duos Digital целосно го подобривме нашето онлајн присуство. Ни креираа нова веб-страница што изгледа модерно и професионално, и на клиентите им е многу полесно да ја прегледуваат понудата. Facebook кампањите ни донесоа многу нови контакти, а благодарение на SEO оптимизацијата сме повисоко рангирани на Google и добиваме повеќе посетители. Одлична соработка – резултатите се видливи!

Новица
Сопственик,
Avto Cajka
Често Поставувани Прашања

Имате прашања? Ние имаме одговори!

  • Можете ли да ми помогнете со креирање привлечни рекламни креативи за моите реклами на Фејсбук?

    Апсолутно. Специјализирани сме за креирање визуелно привлечни и убедливи рекламни креативи кои се во согласност со вашиот бренд и резонираат со вашата целна публика, максимизирајќи го влијанието на вашите реклами на Фејсбук.

  • Како го мерите успехот на кампањата за реклами на Фејсбук?

    Ги следиме клучните индикатори за перформанси (KPI) како што се досег, ангажман, кликови, конверзии и поврат на трошоците за рекламирање (ROAS). Анализирањето на овие метрики ни помага да ја процениме ефикасноста на кампањата и да направиме оптимизации базирани на податоци.

  • Какви видови рекламни формати се достапни на Фејсбук?

    Фејсбук нуди различни формати на реклами, вклучувајќи реклами со слики, видео реклами, реклами со вртелешка, реклами со слајдшоу и друго. Изборот на формат зависи од целите на вашата кампања и содржината што сакате да ја промовирате.

  • Како таргетирате специфични демографски групи со реклами на Фејсбук?

    Ги користиме деталните опции за таргетирање на Фејсбук, што ни овозможува да ја дефинираме публиката врз основа на демографија, интереси, однесувања и локација. Ова осигурува дека вашите реклами се прикажуваат на најрелевантната публика за вашиот бизнис.

  • Зошто треба да размислам за рекламирање на Фејсбук за мојот бизнис?

    Фејсбук рекламите нудат широк досег, прецизни опции за таргетирање и можност за ангажирање со високо таргетирана публика. Тоа е економичен начин за зголемување на видливоста на брендот, зголемување на сообраќајот на веб-страницата и генерирање потенцијални клиенти.

menu